Свеченостите по повод 8-ми декември, денот на заштитникот на Охрид Свети Климент Охридски, започнуваат утре со музички концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче” во концертна сала со почетокот во 17.00 часот. Следува традиционална изложба на Фото клуб – Охрид во НУ Центар за култура „Григор Прличев” во изложбениот салон со почетокот во 18.00 часот.

Свечената академија по повод 8 -ми декември – Денот на Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид ќе се одржи во големата сала на општина Охрид, со почеток во 19 часот, информираат од општина Охрид.

Програмата за чествување на Свети Климент Охридски продолжува во среда на 08.12.2021 година со поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастир „Свети Климент и Пантелејмон”- Плаошник, во 10.00 часот.

Полагање свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“  во 11.00 часот.

Полагање свежо цвеќе на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид на градски плоштад „Свети Климент Охридски“ во 12.00 часот.

OhridNews