Синоќа во Античкиот театар свечено беа доделени дипломите на уште една генерација матуранти од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Пред бројните присутни, во името на локалната самоуправа се обрати заменик градоначалникот, Ангел Јанев.

Денес, кога го завршувате средното образование, сакам во име на општина Охрид и мое лично име, да ви упатам најискрени честитки за вложениот труд и постигнатиот успех.  Во овие четири години, вие учевте, созревавте, стекнувавте нови пријателства, стекнувавте нови искуства, всушност го учевте животот, а тој не секогаш беше лесен, полн со успеси, падови, угорници и удолници. Тие спомени ќе бидат вашата водилка низ животот која ќе ви дава сила да се борите со пречки и да победувате.“  – рече Јанев.

Тој потенцира дека македонското општество, во никој случај не смее да дозволи одлив на младите и перспективни кадри од земјава во странство.

Сакам да ве уверам дека со завршувањето на ова поглавје не треба да застанете, напротив треба уште поенергично и пожестоко да продолжите да чекорите во животот. Да продолжите да го до оформувате вашето образование, како би прераснале во личности кои би го менувале светот, државата и градот. Не смееме да дозволиме и понатаму младите масовно да се иселуваат од државата. Тој негативен тренд треба да престане и вие со вашето знаење кое ќе го стекнете, користејќи го искуството на повозрасните, треба да го вложите во успехот и напредокот на градот и на нашата татковина. И сето тоа да е во чекор со најразвиените  држави.“ – потенцира Јанев.

Директорката на ОСУ „Св. Климент Охридски“, Вера Јовческа, изрази огромна благодарност до оваа генерација матуранти.

Бидете храбри да го следите вашето срце. Ви го честитам матурирањето, ви посакувам успех во вашето понатамошно школување и ве потсетувам дека имате потенцијал да бидете уште подобри. Надоградувајќи се, целите кон успехот и продолжете кон тој пат, со желба во себе си. Ви посакувам да станете успешни луѓе, на кој ситие ние ќе бидеме горди. И не заборавајте дека сте биле дел од нашиот образовен систем.“ – рече Јовческа.

Присутните имаа можност ја проследат и видео презентацијата на матурантите проследена со изведба на музички точки од ученици од гимназијата, како и настапот на ансамблот „Билјана- јуниор“.   

 

OhridNews