Денеска на факултетот за туризам и организациони науки во Охрид свечено беа доделени дипломи на 225 студенти кои го стекнаа акдемското образование на оваа високообразовна установа.Од нив, 48 дипломирале на насоката царина, 90 на осигурување, 73 на туризам и 14 на гастрономската насока.

На доделувањето присуствуваа деканот, професор доктор Софронија Миладиноски, како и продеканите Јован Стојаноски и Сашо Коруноски, раководителот на студентски прашања Велика Козомора и претседателот на студентскиот сојуз Дарко Максимовски.

Во свечените обраќања од наставните кадри на ФТОН, беше изразено задоволството од толкав број дипломирани, а беше најавено дека во тек е  уписот за вториот циклус на студии – постдипомските студии.

Ohridnews