Свечено затворање на 66. „Охридско лето“ вечерва со мјузиклот „Као какaо“
20.08.26 09:20
Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во седумдесеттите години на минатиот век, каде што љубовта и амбицијата растат паралелно со притисоците на средината. Во обидот да успеат и да останат свои, младите ликови се соочуваат со невидливите граници на системот, стереотипите, сопствените стравови и моментот кога животот почнува да бара компромиси. Претставата зборува за генерацијата која верува дека светот ѝ припаѓа и која, во обидот да успее, постојано се судира со правилата, очекувањата и ограничувањата на времето во кое живее.
Со голем актерски ансамбл и со музиката на Влатко Стефановски како нејзин централен двигател, „Као какао“ создава сценски свет исполнет со љубов, амбиција, бунт и стремеж кон слобода.
Со промоција на две нови книги денесжво НУ Библиотека „Григор Прличев“ на свечен начин ќе биде одбележан големиот јубилеј 85 години живот и творештво на познатиот новинар и публицист Славе Николовс...
Во сабота, 22 август, ќе се одржи 39 издание на Охридскиот пливачки маратон, една од најстарите и најзначајни спортски манифестации во земјава На стартот кај Св Наум, кој е закажан за 11 часот, ќе ...
59 Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св Кирил и Методиј ќе биде отворена денеска во Конгресниот центар во Охрид На оваа летна школа ќ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.