По повод 113 години од формирањето на  првата востаничка чета во охридско, вечерва, во 20 часот во атарот на манастирот Света Петка – Велгошти, во организација на месниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, ќе се одржи пригодна свеченост. На свеченоста свое излагање ќе има Вангелко Лозановски професор по македонски јазик и литература.

Најголем успех на охридската револуционерна организација е формирањето на револуционерната чета. Свечениот чин се одиграл во манастирот Света Петка , во Велгошти на 6 јули 1901 година .

Во чест на 80-годишнината од формирањето на првата Охридска револуционелна чета, во манастирот Света Петка во  1981 година во организација на Месната заедница од село Велгошти откриена е спомен-плоча.

OhridNews