Како исклучително големи професионалци, кои долги години ја работеле оваа работа во Австралија, ни откриваат дека декорирањето и организацијата на свечености, посебно ги исполува и дека работата ја работат од срце и со душа.
-Работиме според желбите нa клиентите, а не според нашите желби. Принцип ни е да го почитуваме нивниот вкус и нивната замисла, но сепак внимавеме на тоа, се да биде во склоп со естетиката и да биде убаво за око. Има и случаеви кога даваме совети или предлагаме нешто конкретно , но сепак конечниот дизајн на декорот на некоја свеченост, повторно се заснова врз желбите на клиентите, вели Индира, која по професија е Архитект.
Таа објаснува дека кога се работи за свадба, невестите се многу поангажирани околу декорацијата .
-Невестите речиси секогаш имаат некоја замисла околу тоа што конкретно сакаат од боите и дезените. Но има и такви кои што очекуваат од нас да им понудиме некој идеја. Често прашуваат што е модерно, но секогаш им одговарам дека модерно ќе биде она што е нивна желба и секако што одговара на амбиентот и на просторот каде што се одржува веселбата. Значи за секоја прослава пожелно да се користат бои кои им се омилени на славениците или домаќините или бои кои означуваат нешто, додава Индира.
Таа нагалсува дека основна цел на нивната работа е да направат трансформација на просторот во кој се организира свеченоста и секако оние кои што ги ангажирале да бидат задоволни.
-Нема поубаво чувство кога домаќините се насмеани и задоволни од она што сме го направиле за нив. Тоа е главна награда за целиот вложен труд. Можеби звучи нескромно, но до сега ниту еден од нашите клиенти не останал рамнодушен на она што сме го сработиле, секако во позитивна смисла, рече Индира.
Фарко и Индира Ајруш
Нејзиниот сопруг Фарко, кој има специјализирано внетрешен дизајн во странство, вели дека во досегашното искуство, насекаде во Македонија, имаат изработено најразлични видови аранжамани и организрано голем број свечености.
-Имаме работено на различни видови аранжмани, од најобични и наједноставни до екстравагантни и гламурозни. Секако најчесто работиме на организација на свадби и венчавки. Има клиенти кои што сакаат и кои што можат да си приуштат скапи материјали и цвеќиња, но има и такви на кои што буџето им е ограниечн, но тоа не значи дека не може да се постигне прекрасен ефект. Имаме изработени и аранжмани кои биле со минимален буџет, а изгледале прекарсно, вели Фарко.
Тој објаснува дека до сега имале прилика да изготват декорации за свечености, чии домаќини не прашувале за цена.
-Значи има и домаќини, кои не прашуваат за цена било да се работи за свадба или за друга свеченост, но тоа не значи дека треба да претераме во урасувањето и не одиме до максимум. Секако може да употребиме поквалитетни матријали, но никогаш не траба да се претера и просторот да се пренатрупа и да изгледа како кич, истакна Фарко.
Тој потенцира дека за организацијата на прослави, нудат комплетена помош за се што е потребно.
-На пример доколу се работи за свадба нудиме организација од најмалу ситници,како што се бомбончиња, покани, цвеќе, сите украси и други деатли кои се потребни за прославата и за декорот на амбиентот, па се до резервирање на ресторан, музика, како и препорака за бутици, кројачи за венчаници или костуми. Исто така целокупна организација со сите попратни услови и детали, нудиме и за сите видови на други свечености, објаснува Фарко.
Тој е задоволен што со голем труд успеале да ги надминат бариерите на македонскито менталитет и што успеле да им докажат на луѓето дека можат со целосна доверба да им ја препуштат организацијата на најубавите или највредните свечености од нивниот живот.