
Имено, во недела 29-ти јануари во храмот Св. Троица во населбата Радојца Новичиќ, ќе се одржи литургија за здравје на Трајан Целески Тачо, која ќе има и хуманитарен карактер.
– Во храмот ќе биде поставено сандаче за доброволен прилог, со цел да помогнеме во собирањето на средства за подмирување на трошоците за операцијата на Трајан Целески во Италија. – напиша на својот фејсбук профил отец Ромео Петрески.
Со литургијата која започнува во 8.30 часот, ќе богослужат отец Ромео и отец Кирил.
OhridNews











