По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж утре во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе биде отслужена Света архиерејска литургија со почеток во 8:45 часот.

Традиционално за празникот се организира црковно-народен собир. Црквата во Лагадин ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.
OhridNews










