Дебарско – кичевската епархија Охрид ги известува своите православни верници дека утре, 15 јули, ќе има Света Архиерејска литургија во манастирот „Пресвета Богородица“ – Заум по повод празникот „Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна“.

По повод празникот Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј ќе богослужи и ќе проповеда во манастирот со почеток во 08:45 часот, велат од Дебарско-кичевската епархија.

Воедно, известуваат дека ќе има организиран превоз од градското пристаниште со бродот „Александрија“ во 7:30 часот, а од селото Трпејца ќе има организирани кајчиња од местор викано Надол.

OhridNews