На 26 декември 2021 година (недела), во манастирот св. Климент и Пантелејмон – Плаошник – Охрид, на празникот на „Св. Праотци; св.мч-ци. Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест“, ќе се служи света архиерејска литургија, информираат од Дебарско – кичевската епархија.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на повеќе Архиереи на МПЦ-ОА. По повод јубилејот 40 години архиереј и 70 години на Митрополитот г. Тимотеј, ќе има промоција на книгата „Манастирите во Дебарско – кичевската епархија“, додаваат во соопштението од Дебарско – кичевската епархија.

OhridNews












