Светата маченица Злата Мегленска станала симбол на отпорот против османлискиот поробувач и пример за одбрана на христијанската вера. Била една од трите ќерки на еден селанец од Слатино. Кога поодраснала била многу убава поради што била забележана од синот на селскиот агалар, познат зулумќар и силеџија. Тој намислил да ја земе и еднаш кога таа во блиската шума собирала трески за печење леб со група пријатели ја грабнал и ја одвел во својот дом. Се обидел во почетокот со убаво да ја убеди да ја смени верата и да стане негова анама ветувајќи и богатство и раскош. Но Злата сето тоа го одбила велејќи дека е решена побргу да умре отколку да си ја мени верата. И кога со ништо не успеал да ја придобие ја предал на џелатите да ја измачуваат. Злата Мегленска била подложена на најжестоки измачувања. Ја тепале со камшик, ја обесиле на дрво со главата надолу, и ја дереле кожата, а потоа врзана за врат со ортома ја шетале низ селата да ги заплашуваат христијаните. И кога со тие тортури не успеале да ја придобијат и скршат, ја исекле со меч на 26-ти октомври 1795 година. Деловите од нејзиното тело џелатите ги фрлиле во реката Мегленица, а подоцна овчарите ги нашле во еден вир, ги собрале и ги однеле во домот на нејзините родители по што биле погребани по сите христијански обичаи.
Набргу после смртта населението ја сметало за светица и и’ биле посветени некои свети дрва во близина на селото. Житието на Света Злата Мегленска го напишал светогорскиот калуѓер Никодим во 1799 година.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“ Тој, на 14022026 околу...
Во 2025 година требаше да се одбележат повеќе јубилеи поврзани со црквата Св Богородица Перивлепта во Охрид, едно од најзначајните духовни светилишта не само во Македонија, туку и во православието ...
Во Охрид изминатото деноноќие наврнале 29 литри дожд на метар квадратен Најмногу дожд до 7 часот утрово наврнал во Пожаране 48 литри И денеска не очекува променливо облачно време со повремени врнеж...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.