Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост сепак не остана задоволен и тргна да ја собира единствено духовната.
Во Лаврата на Св. Теодосиј се најде со монахот Јован Мосха кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Мисир. Нивната лозинка беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост “. Што знаеја запишаа и потоа го издадоа во две книги под името Лемонариум (или Цветник). Подоцна заминаа во Рим, каде што Мосха умре, а му остави на Софрониј аманет да го пренесе или на Синај или во Теодосиевата Лавра. Софрониј му ја исполни желбата и го однесе телото на својот учител во Лаврата на Теодосиј, а самиот се задржа во Ерусалим, којшто во тоа време беше ослободен од Персијанците. Присуствуваше на враќањето на Чесниот Крст од Персија, кога царот Ираклиј на своите плеќи го внесе Крстот во Светиот Град. Стариот патријарх Захарија исто така вратен од ропство не поживеа долго, па кога се пресели во оној свет, го замени Модест (+ 364г.), а после него патријарх беше блажениот Софрониј. Тој со особена мудрост и ревност управуваше со Црквата десет години. Стануваше во одбрана на Православието од монотелитската ерес, којашто тој на својот собор во Ерусалим ја осуди уште пред таа да биде осудена на Шестиот Вселенски Собор. Го напиша житието на Св. Марија Египетска, го состави чинот на Водосвет и воведе нови химни и песни во разни богослужби. Кога арапскиот калиф Омар го освои Ерусалим, Свети Софрониј го измоли да ги поштеди христијаните, а Омар ова наводно и го вети. Кога сепак калифот набрзо потоа почна да ги ограбува и малтретира христијаните во Ерусалим, Софрониј од дното на срцето Го молеше Бога да го земе од живите на земјата за да не го гледа осквернувањето на светоста. И Бог ја услиши неговата молитва, па го зеде кај Себе во 644 година.
Најмалку 15 лица се повредени, а повеќе од 1000 граѓани побарале помош преку Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со оркански налети на ветер што попладнево го зафати ...
Големо невреме проследено со силен ветар и дожд попладнево го зафати Скопје Според очевидци ветрот корнел дрвја и покриви, а невремето предизвика и штети на инфраструктурата На терен се екипи на Гр...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, минис...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.