По реакцијата на бројни граѓани дека дел од уличното осветлување е вклучено и преку ден, одговорните од локалната самоуправа информираат дека не се работи за некаков дефект, или неодговорен однос, туку станува збор за тековно одржување на системот.


– За да може да ги отстраниме воочените дефекти на уличното осветлување истото мораме да го тестираме, така што го вклучуваме преку ден, објаснува Сашо Велјаноски, одговорен за функционирањето на уличното осветлување.

Ohridnews