Меѓу стотината верници кои утрово се фрлаа по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, најсреќен беше 28-годишниот Иван Лотески од Варош кој прв успеа да доплива до крстот. Лотески светиот крст го фати и минатата година.

Годинава температурата на водата е најладна во споредба со изминатите години и изнесува 6 степени целзиусови.

Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава се одржа во организација на Дебарско – кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“.

 

Настанот го следат неколку илјади охриѓани и гости од земјава и странство.

Фото галерија:

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ/Михаил Постоловски

Видео+фото: Незаборавна „Зимска бајка“ ги крена охриѓани на нозе