Кој бил и кога живеел овој светител не се знае. Многу се почитува на Родос и на Крит. Од нашите краишта во Прилеп и Битола.
Во 1500 година им се јавил на некои на островот Родос и таму покажал чуда и исцеленија. Таму е пронајдена и една негова стара икона. На неа Фануриј е изобразен како млад војник, којшто во десната рака држи крст, а во левата запалена свеќа. Свети Фануриј многу се слави и во Мисир. Таму постои предание дека неговата мајка била голема и непоправлива грешничка. Но синовската љубов на Свети Фануриј кон неа била извонредна. Тој повеќе Му се молеше на Бога за спасението на својата мајка, одошто за своето. При неговото убиство, додека незнабожците го трупале со камења, светителот се молел: „Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.“ Во Мисир, а и кај нас, многумина така и се молат: „Спаси ја, Господи, грешната мајка на Свети Фануриј, а и мене, грешниот, помогни ми.“ И заради оваа молитва мнозина добиваат помош.
Тропар
Мачениче свети Фанирује, Вишниот гледајќи ја пламената љубов ги услишува молитвите свети твои за родот човечки, особено за сите кои духовно жртва љубовна пред Бога принесуваат за ближниот свој. Радувај се, страдалниче, за верата што спасува, и моли се за сите кои пламена свеќа пред Христа согоруваат за мајката твоја и нивно спасение.
Утрово во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“ започна реализацијата на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“, акција која општина Охрид традиционално ја организира секоја година по повод Светс...
Поради градежни активности од денес ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“ од пресекот со улица „7-ми Ноември“ до пресекот со булевар „Железничка“ Се апелира до граѓаните в...
Денеска се одбележува споменот на Свети Јован Владимир, кој на денешен ден во 1016 год подмолно бил убиен, а подоцна и прогласен за светител од страна на Охридската Архиепископија… А кој бил СвЈова...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.