Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 август и се слави споменот на Светиот маченик Луп.
Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Свети Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот Максимијан, којшто дотогаш се имаше задржано во Солун, па заповеда и Луп да го мачат и убијат. Но војниците што ги исукаа мечовите на Луп ги свртеа еден против друг и си зададоа тешки рани меѓусебно. Бидејќи Луп иако беше христијанин сe уште не беше крстен, Му се молеше на Бога некако да го устрои неговото Крштение пред смртта. Во тој миг се излеа вода од облак врз Светиот маченик и така прими крштение одозгора. После големи маки го убија и се пресели во Небесното Царство.
Тропар
Молитвите твои, свет Лупе мачениче, за нас нека стигнат до Оној, Кој од Небесата свето крштение изли врз твојата глава, удостојувајќи ги телесните од овој свет, да ја видат благодатната сила Господова, Кој го чува Израилот, а тебе венец на слава маченичка ти подготви.
Од денес до 27-ми октомври е отворена за посетители изложбата „Стари балкански фотографии“ преку соработка на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид и Државен архив на Република Македонија Изл...
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлу...
Продолжува опаѓањето на нивото на Охридско Езеро Според неделната анализа на Управата за хидрометеоролошки работи водостојот три дена по ред е на кота од 69315 мнв што е за 5 сантиметри над дозволе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.