Епископ Кириниски на островот Кипар. За неговата мудрост и добродетел го избраа за епископ и со љубов и ревност управуваше со Црквата Божја.
Кога настана гонење на христијаните во времето на нечестивиот цар Ликиниј, овој Божји човек беше изведен на суд и подложен на маки. Кога мачителот Савин го советуваше да се одрече од Христа и да им се поклони на незнабожечките идоли, Теодот му одговори: „Да би ја знаел ти добрината на мојот Бог на Кого се надевам дека заради овие краткотрајни маки ќе ме удостои со вечен живот и самиот би посакал да пострадаш за Него вака како јас“. Му удираа клинци во телото, а тој Му се молеше на Бога со благодарност; па мислејќи дека крајот му е близу, ги советуваше и ги поучуваше христијаните што беа околу него. Но по Божја Промисла царот Константин во тоа време објави слобода за христијаните и нареди да бидат пуштени сите што се под суд заради Христа. Тогаш го ослободија и овој светител и така изнамачен се врати на епископската столица во Киринија и поживеа уште две години. Потоа се упокои во Господ Кому верно Му служеше и за Кого многу пострада. Земниот живот го заврши и замина во дворците Господови во 302 година.
Од денес до 27-ми октомври е отворена за посетители изложбата „Стари балкански фотографии“ преку соработка на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид и Државен архив на Република Македонија Изл...
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлу...
Продолжува опаѓањето на нивото на Охридско Езеро Според неделната анализа на Управата за хидрометеоролошки работи водостојот три дена по ред е на кота од 69315 мнв што е за 5 сантиметри над дозволе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.