Глобалната емисија на јаглерод диоксид во 2018 година ќе биде рекордна, што ќе ја намали можноста порастот на температурите да се лимитира на 1,5 до 2 степени Целзиуосови, порача шефот на Меѓународната агенција за енергетика Фатих Бирол.

Бирол во Париз изјавил дека податоците од превите девет месеци од 2018 година, укажуваат на рекордно зголемување на емијата на штетни гасови во атмосферата.

Обединетит нации неодамна предупредија дека светот мора да го промени начинот на користење на енергијата, патувањата и градењето за да се намали глобалното затоплување, кое може да има катастрофални последици по животот на планетата.

OhridNews