Свеченостите од бајките на кои веќе години се навикнаа охриѓани, сега се реалност и на другата страна од крајбрежјето. Отсега и стружани, организацијата на најубавите моменти од животот, можат да ја препуштат на вредните раце на брачниот пар Фарко и Индира Ајруш, кои вчера во Струга го промовираа новото студио за организација и декор на сите видови свечености од познатиот бренд „Impact Group“.

Во екслузивното претставништво на „Impact Group“ кое се наоѓа на улицата „15-ти Kорпус“ во центарот на Струга, граѓаните ќе можат да ги користат услугите на овие врвни професионалци, кои се автори на стотици прекрасни и уникатни аранжмани на свечености, свадби, семејни прослави, родендени, бизнис јубилеи и различни пригодни моменти.

Нашите услуги сега се достапни и во Струга, каде исто така нудиме целосна организација и декорација на секакви свечености.Тука имаме избор на ексклузивни покани, од кои голем дел се уникатни на македонскиот пазар. – вели Индира Ајруш, која по професија е архитект.

Таа истакна  дека ова е само почеток на амбициозниот проект на „Impact Group“ за проширување на дејноста во други градови низ земјава, но и надвор од неа.

Индира Ајруш вели дека декоративното украсување и организација на свечености се повеќе се применува и во Македонија, а се развива и конкуренција.

-Конкуренцијата е здрава работа и ни дава поттик да ги подобруваме нашите услуги, кои  се’ повеќе се барани.-додава Ајруш.

Од „Impact Group“ најавуваат дека во иднина вакви ексклузивни претставништва ќе бидат отворени во Скопје, во Албанија и Косово.

OhridNews