Лидерот во француската лига, Пари Сент Жермен ремизираше со Сенттјен 2-2. “Светците“ прокоцкаа два голови предност и испуштија одлична можност да се одлепат на седум бодови пред второпласираниот Лион.


Стартот од мечот најави дека избраниците на тренерот Карло Анчелот ќе атакуваат на трите бода. Аргентинецот Пасторе во деветтата минута го отвори резултатот, а десет минути подоцна Ибрахимовиќ зголеми на 2-0. Стоперот на гостите Алекс постигна автогол и го намали водството на својата екипа. Конечните 2-2 ги постави Клерк во 72-та минута.

Резултати : Нанси – Ница 1-0, Тулуз – Бордо 0-0, Сенттјен – ПСЖ 2-2.

Табела : ПСЖ 58, Лион 53, Марсеј 51, Сенттјен 49, Ница 48…

Мх.П.