Во Охрид синоќа беше отворена новата, современо опремена Рибарница „Охрид“, која на купувачите ќе им нуди широк избор на свежа риба, како и услуги за чистење, подготовка, печење и достава.

Во понудата ќе има рибничка, односно базенска риба, меѓу кои калифорниска и речна пастрмка, како и видови од Охридското Езеро – белвица, крап, охридска пастрмка, јагула, клен и плашица. Рибарницата ќе нуди и таканаречена дива риба од Охридското Езеро, а двапати неделно ќе пристигнува и свежа морска понуда: ракчиња, лигњи, октопод, ципура и лаврак.

Посебен акцент е ставен на современиот начин на подготовка на рибата. Печењето ќе се врши исклучиво во конвектомат – професионален уред што комбинира топол воздух и пареа, овозможувајќи рамномерна термичка обработка, при која рибата ја задржува сочноста, свежината и природниот вкус. Во рибарницата нема да се користат класични скари и плотни.

Купувачите ќе можат да нарачаат риба исчистена и подготвена за готвење дома, како и печена риба. Крапот ќе се продава во кременадли, свежо исчистен и вакумиран, а ќе биде достапен и цел крап, среден и подготвен за домашна подготовка.

Рибарницата ќе врши и достава до дома и до угостителски објекти. За свежата риба ќе се користи специјално термокин возило со ладење, кое има изолирана и разладена комора што овозможува одржување на потребната температура и непрекинат „ладен синџир“ при транспортот, со цел рибата да пристигне свежа и безбедна за употреба. Ќе се доставува и печена риба.

Рибарницата „Охрид“ располага со најсовремена опрема што се користи во рибната индустрија, меѓу која конвектомат, ледомат за мелен мраз во кој се одржува свежината на рибата, вакумерка за вакумирање и шокер за брзо смрзнување. Шокерот овозможува рибата да се замрзне за кратко време, со што по одмрзнувањето ги задржува квалитетот и свежината.

Новата рибарница се наоѓа на улицата „Питу Гули“, во непосредна близина на Стоматолошкиот центар „Др. Баткоски“, и располага со сопствен паркинг наменет исклучиво за купувачите.

Рибарница „Охрид“ ексклузивно ќе соработува со концесионерот на Охридското Езеро „Шаран 2012“, од каде ќе се обезбедува свежа риба од двата рибници и од Охридското Езеро.

На почетокот, рибарницата ќе работи од понеделник до сабота, од 08:30 до 16:30 часот, додека во недела нема да работи. За големите празници ќе биде отворена, со цел да им излезе во пресрет на купувачите.

Во иднина, понудата ќе се проширува со чадена риба и производи од риба, меѓу кои и кавијар, согласно важечките прописи и законската регулатива.

Новата Рибарница „Охрид“ синоќа беше отворена во присуство на голем број пријатели, деловни партнери и гости.

Фото галерија:

Охрид доби современо опремена рибарница со ексклузивна езерска и морска понуда

OhridNews Promo
Фото: Анамарија Момироска