Без победник 1-1 заврши пресметката помеѓу Свонси и лидерот во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед на “Либерти“ стадионот.


Двата голови на мечот екипите ги постигнаа во првиот дел. “Црвените ѓаволи“ поведоа во 16-та минута со голот на францускиот интернационалец Патрис Евра додека конечните 1-1 ги постави најдобриот стрелец во англиската лига со 13 погодоци Мичу.

Резултати : Свонси – Мен Ју 1-1, Челси – Астон Вила 8-0.

Табела : Мен Ју 43 бодови, Мен Сити 39, Челси 32, Арсенал 30, Евертон 30. . .

Мх.П.