По повод празникот Рамазан Бајрам, од СВР Охрид, до сите верници од исламска вероисповед упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на големиот празник.  

– Посакуваме светиот муслимански празник да донесе здравје, среќа, чиста мисла, почит и толеранција, личен и семеен просперитет и благосостојба. Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што  се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи и на вистинските вредности  во општеството.Блискоста со сите граѓани, законитоста, неселективната работа, професионализмот, транспарентноста и отчетноста се основните постулати врз кои почива нашето работење  кон изградба на стабилен безбедносен систем што успешно ќе се справува со  новите безбедносни предизвици, се наведува во честитката од СВР Охрид по повод празникот Рамазан Бајрам.

OhridNews