СВР Охрид ја отпочна кампањата „Безбедно на педалинки“
04.07.26 15:02
Со цел зголемена безбедност на вода во текот на летната туристичка сезона, Одделението за превенција при СВР Охрид ја отпочна кампањата „Безбедно на педалинки“.
Полициски службеници од Одделението за превенција, деновиве, преку интензивна комуникација со лицата кои на плажите на охридското крајбрежје издаваат пловни објекти- педалинки за рекреативна намена, им укажуваат за неопходноста од зголемена внимателност и одговорност при издавање на педалинките на туристите и потребата од неопходна проверка на исправноста на педалинката при секое издавање, за задолжително поседување безбедносна опрема, а секој корисник да добие исправен спасувачки елек со соодветна големина, да се обезбедат спасувачки елеци и за деца, да има јаже или друга опрема за итни случаи.
Посебно им се укажува дека треба да го следат движењето на педалинките и доколку забележат опасност, навреме да реагираат и да ги информираат надлежните служби. Лицата кои издаваат педалинки се должни корисниците да ги запознаат со безбедносните мерки при секое изнајмување на педалинка: задолжително носење спасувачки елеци, забрането скокање или туркање на педалинки, забрането управување под дејство на алкохол и психотропни супстанции, како и почитување на означените зони за пловидба, велат од СВР Охрид.
Вчера во 18:10 часот во СВР Охрид лице од Скопје пријавил дека неговиот 32-годишен син со кого престојувал во автокамп во Охрид го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од неговите алишта...
Австралиско-македонскиот комичар, автор на содржини и водител на подкаст емисија – My Cousin Vlad роден како Саш Мишевски, на 23 септември пристигнува во Охрид со своето актуелно шоу „Total S...
Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел којашто е во неколкудневна официјална посета на државава денес оствари средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков На ср...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.