СВР Охрид ја стави во функција и велосипедската единица
01.05.21 14:19
Со цел зголемување на безбедноста за време на Велигденските и првомајските празници во Охрид но и остварување поблизок контакт со граѓаните, СВР Охрид во своето редовно полициско работење, од денеска ја ангажира велосипедската полициска патрола.
Предвидено е, патролата, активно да се вклучи во превентивното и репресивното полициско делување во централното градско подрачје, плажите, паркинг просторите но и во останатите делови од градот. Полициските службеници на велосипед, ќе работат на спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање на сторители на казнени дела, ќе преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир и мерки во сообраќајот. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
На иницијатива на Канцеларијата за односи со јавноста, СВР Охрид ја воведе велосипедската полициска патрола во јули 2008 година, по претходна професионална обука.
За велигденските и првомајските празници, во услови кога во Охрид и Струга очекувано има зголемена фреквенција на сообраќај, СВР Охрид во функција ја стави и Полициската мото патрола. Освен за безбедноста во сообраќајот, таа ќе се грижи и за целосно спроведување на безбедносните протоколи за заштита на јавното здравје и на граѓаните од вирусот Ковид 19.
На денешен ден 1941 година борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа Со овој...
Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер Максималната темпера...
ГРК Охрид забележа голема победа во дербито од 6 коло на ракометната Суперлига, совладувајќи го Алкалоид вечерва во „Билјанини Извори“ со 26:24 (15:11) Со новите два бода охриѓани се искачија на че...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.