Изминатово деноноќие на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 101 прекршоци за неносење на лична заштита. Најголем дел од прекршителите доаѓаат од Охрид вкупно 59, додека во Струга има 7, Кичево 22 односно Дебар 13.
Полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 75 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-26, Струга-16, Кичево-33,). Во овој период, регистрирани се три прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 (Струга-02, Кичево-01). Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид во текот на вчерашниот ден реализираше мерки кон прекршоците кои ги чинат пешаците. Санкционирани се вкупно 45 пешаци. Дополнителни се санкционирани се девет возачи на патнички автомобили кои извршиле неправилно паркирање на моторните возила.
OhridNews












