СВР Охрид го честиташе роденденот на OhridNews, потенцирајќи ја извонредната соработка што медиумот ја има со Секторот за внатрешни работи Охрид. Во електронскиот допис упатуваат честитки за покажаниот врвен професионализам и создадениот квалитет во медиумски простор во Македонија, како една од врвните демократски вредности во општеството.
OhridNews веќе 15 години, неуморно се докажа и докажува како сериозен информативен портал каде нема „лажни вести“ и портал кој во медиумскиот амбиент во Македонија, креира и цврсто опстојува на професионалното, објективното и непристрасно информирање. Бевте и останавте портал со високо нормирани стандарди на отвореност кон читателите и институциите на системот. OhridNews грижливо работејќи и известувајќи во интерес на граѓаните и заедницата, ја заслужи довербата на јавноста, со што и понатаму останува медиум кој се чита и на кој му се верува, вели во честитката портпатолот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Со посебно задоволство и почит го потенцираме вашиот придонес, СВР Охрид, во јавноста да биде претставен како партнер и вистински сервис на граѓаните но и фактор во заштитата на човековите права и слободи, додава Димоски.
OhridNews












