Секторот за внатрешни работи од Охрид  во пресрет на Новата година го пронајде и го лиши од слобода лицето Ведат Малиќи, роден 1964 година од Охрид. Ова лице  од страна на полициските службеници е предадено во истражниот затвор во Скопје.

Ведат Малиќи е лишен од слобода поради  тоа што е сторител на тешко кривично дело убиство  кое што го извршил на 4 август 1996 година, кога со цврст остар предмет, ја усмртил својата сопруга,30-годишната Силвија Порсиус Малиќи, државјанка на Холандија.

Сега притворениот, веднаш по убиството се вдал во бегство. Од страна на  Основниот суд во Охрид, на 6 август 1996 година е осуден во отсуство на затворска казна во траење од 15 години.

Според изјавата на портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, убиецот цели 12 години престојувал во Холандија, поради што и не бил достапен на полициските и правосудните органи.

Малиќи легално влегол во Македонија на 25 декември 2008 година преку скопскиот аеродром. Охридската  полиција по одредени созанија на 31 декември 2008 година го лоцирала убиецот во Охрид и го привела.

Портапоролот Димоски, изјави дека приведениот не давал отпор при полициската акција.

А.Р.