На 09.07.2026 во 19:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Рача, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 48-годишно лице од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 59-годишно лице од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на цитроенот констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека кај возачот на фордот и неговата 57-годишна сопатничка од Охрид, биле констатирани телесни повреди. По преземени мерки, кај возачот на цитроенот е констатирано дека имал 1,80 промили алкохол во крвта и по наредба на јавен обвинител, неговото возило е одземено, информираат од СВР Охрид.

Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот, против возачот на цитроенот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

OhridNews