Поради основано сомнение дека се сторители на  две казнени дела односно едно казнено дело „Насилство“ и едно казнено дело „Напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата И.В. роден 1973 година и З.В. роден 1991 година,  двајцата од селото Велешта.

На ден 25.01.2009 година, околу 03 часот и 50 минути во холот на Аеродромот „Св.Апостол Павле“  пријавените без повод, со тупаници  нападнале две лица од Кичево и соборувајќи ги на земја им задале повеке удири со нозе. Заради заштита на нападнатите, интервенирале две службени  лица од аеродромскот обезбедување. Притоа, пријавените И.В. и З.В. потпомогнати од други лица за кои СВР Охрид презема дополнителни мерки за утврдување на нивниот идентитет, физички ги нападнале  службените лица, нанесувајќи им повеке удари со раце и нозе.

Набрзо потоа, реагирале аеродромските полициски службеници од граничната Полиција, кои го спречиле понатамошното нарушување на јавниот ред и мир, и го прекинале физичкиот напад. Во моментот кога полициските службеници им помагале на повредените лица, пријавените избегале од аеродромската зграда
   
СВР Охрид, презема понатамошни мерки за прецизно утврдување на идентитетот на останатите учесници во овој  настан по што, и против нив ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

извор: СВР Охрид

Ohridnews