Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека новиот коронавирус може да се пренесува во сите временски услови и оти студеното време не го убива вирусот.

Според СЗО, дождот и снегот можат да го отежнат пренесувањето на вирусот од контамираните површини, но пренесувањето на Ковид-19 во најголема мера се пренесува од лице на лице.

Научниците стравуваат дека поради студенто време луѓето почесто ќе престојуваат во затворени простории што ќе доведе до полесно ширење на новиот коронавирус.

Пренесувањето на заразата е отежнато на отворен простор, бидејќи свежиот воздух ги разбива и разнесува честичките. Но, експертите предупредуваат дека без заштитна маска Ковид-19 може лесно да се пренесува и на отворен простор и затоа потсетуваат дека носењето маска и физичката дистанца се клучни во спречување на ширење на заразата.

До крајот на 2021 година ќе дистрибуираме две милијарди вакцини

Светската здравствена организација (СЗО) се надева дека ќе може да дистрибуира околу две милијарди вакцини против коронавирусот до сите земји во светот до крајот на 2021 година, изјави претставникот на СЗО во Русија, Мелита Вујновиќ.

СЗО покажува умерен оптимизам кога станува збор за вакцините. Веруваме дека наскоро ќе можат да се даваат безбедни и ефикасни вакцини и оти фармацевтските компании ќе ни помогнат во борбата против пандемијата. На пример, со помош на механизмот КОВАКС, СЗО верува дека може да дистрибуира до две милијарди дози од еден или повеќе видови на вакцини против коронавирусот, рече Вујновиќ.

Таа додаде дека е рано да се предвиди кога светот ќе се врати во нормален живот.

Првиот контингент на вакцини ќе им биде понуден на луѓето на кои им е најпотребна, а тоа се здравствените и социјалните работници, како и најзагрозените групи, рече Вујновиќ.

КОВАКС е меѓународен механизам инициран од СЗО со помош на уште некои светски агенции за вакцини и имунизација, а целта е да се добие вакцината за Ковид-19 што е можно полесно и побрзо.

До денеска, 184 држави се приклучија на КОВАКС

OhridNews