Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од Ковид-19 до крајот на оваа година.
Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан сепак изјави дека трагедијата во кризата со коронавирусот може да се избегне со намалување на бројот на хоспитализирани и починати, пренесува „Гардијан“.

Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината, но ако сме паметни, можеме да завршиме со хоспитализации, смртни случаи и трагедија поврзана со пандемијата“, рече Рајан.











