
Меѓу непријателите на ДПА, Тачи го наведе и струшкиот градоначалник Зијадин Села кој пред два дена, во име на огранокот на партијата во Струга, од него побара да си замине од функцијата претседател на Демократската партија на албанците – ДПА, бидејќи како што рече Села, очигледно било дека Тачи не може да и донесе изборна победа на партијата.
Во својата денешна изјава Тачи на струшкиот градоначалник, меѓу другото, му посака ментално здравје.
OhridNews











