Претседателот на МАНУ, Таки Фити, смета дека име за севкупна употреба е невозможно и неостварливо, пренесува „Макфакс“.

„Предлозите за името Република Македонија или евентуално име со географска одредница да се изговара како во македонскиот јазик и да се пишува само со латинско писмо, односно името на јазикот македонски да се пишува со латинско писмо и да се пишува како во нашата држава, се апсурдни и неиздржани“, вели тој.

Според претседателот на МАНУ, прифаќањето едно име за севкупна употреба, значи едно име и за меѓународна и за внатрешна употреба, би значело промена на Уставот, промена на имињата на институциите и ревизија на сите меѓународни договори во кои се користи уставното име на земјата. Според тоа, додава тој, ваквото решение е невозможно и неостварливо.

OhridNews
извор: „Макфакс“