Предложените измени и дополнувања на Законот за превоз во патниот сообраќај предвидуваат и задолжително познавање основен англиски јазик за таксистите.

До 1 јануари 2017 година за секој такси-превозник ќе биде задолжително познавање основен англиски јазик за што ќе добие лиценца, а од 2019 година познавање еден степен повеќе. Таксистите ќе имаат период од три години за прилагодување на оваа новина. Министерството за транспорт во соработка со единиците на локална самоуправа во наредниот период ќе спроведат голем број обуки со цел да се понуди поквалитетен такси-превоз, пред се во туристичките центри како што се Охрид, Струга и Скопје.

Како што појасни министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, трошоците за учењето основен англиски јазик на таксистите, ќе ги покријат Министерството за транспорт и врски и општините.

OhridNews