На традиционалниот концерт „Младите доаѓаат”, кој се одржува секоја година во македонска Филхармонија, настапи талентираниот виолинист од ОМУ “Методи Патче” од Охрид, Виктор Србиноски, ученик во класата на проф. Елица Рашкова.

Тој настапи како солист со оркестарот на Maкедонска Филхармонија предводен од маестро Ангел Спироски со концертот за виолина од Д. Кабалевски.

Од 24 ученици од основните и средните музички училишта во Р. Македонија беа избрани само 10, а Виктор беше најмладиот солист.

Да се настапува со симфониски оркестар е предизвик, а Виктор на тоа одговори беспрекорно, информираат од ОМУ “Методи Патче”.

Виктор Србиноски и Милена Тодороска пред две децении, се единствените ученици на ОМУ “Методи Патче” кои настапиле со Македонската филхармонија како солисти.

OhridNews

Фото: ОМУ “Методи Патче”