Во Охрид денеска ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне нестабилно со пороен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 25 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.
Под влијание на влажна водушна маса која во регионот ја носи циклонот „Талија“, дождливо време ќе имаме и во наредните денови. Најмногу врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден.
OhridNews