Со концерт на македонскиот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, вечерва, ќе биде отворено 53- то издание на Балканскиот фестивал за народни песни и игри.

Концертот на Танец ќе се одржи на летната сцена Долни Сарај со нпочеток во 21 часот. Влезот е слободен.

На најстарата фолклорна манифестација на Балканот која ќе се одржи од 6-ти до 11-ти јули во Охрид, ќе настап голем број ансамбли од Хрватска, Црна Гора, Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Австралија, Полска и Турција.