Националниот ансамбл „Танец“, денеска одржа концерт во Охрид, во рамки на обидот на фолклористите од Македонија да постават нов рекорд во најдолго оро во низа.

Пред охриѓани настапија играорците, оркестарот и пејачките солисти на „Танец“, меѓу кои и познатата естрадна уметничка Сузана Спасовска.

Инаку ансамблот „Танец“ ја подготви музиката на која се играше орото за Гинис во кое учествуваа околу 7000 лица. 

-Орото се вика „По ваздан те гледам“ и е од кратовскиот дел . Се одлучивме за побавно оро секој да може да го изигра.-изјави директорот на Танец Зоран Џорлев.

Успешноста на обидот да се одигра најдолго оро во низа ќе ja оценуваaт стручни лица од Гинис, каде ќе биде испратена целокупната фото и видео документација од настанот.

OhridNews