Театар Комедија од Скопје вечерва гостува во центарор за култура во Охрид со претставата „Жена ми се вика Борис”, во режија на Синиша Евтимов, по текст на Рафи Шарт.

Во претставата играат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мирјана Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов, Ева Скендеровска. Сценографијата е на Орхан Ќамилов, костимографија: Александар Ношпал, инспициент: Ниријамет Рушити, суфлерка: Сања Стојковска.

 

Комедијата „Жена ми се вика Борис’, со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“ доживува и филмска верзија и тоа со забележителен успех. Инаку овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија: Проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото, се вонвременски.

Претставата почнува во 20 часот.

OhridNews