На 29 мај, петок, со почеток во 20:00 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе биде изведена театарската претстава „Марта“ наменета за публика над 12 години.

Делото е збогатено со монолози и искуства на самите актери, што дополнително ја продлабочува емоционалната димензија на приказната и ја прави поавтентична и блиска до публиката.
Претставата не е само приказна, таа е протест и повик за будење. Таа алармира за важноста од навремена реакција, разбирање и поддршка, како за оние кои се соочуваат со оваа состојба, така и за нивните блиски.
Автор на текстот е Тереса Кало Фонтан, а режијата и драмтизација, Маја Ѓурчевска.
Во претставата играат: Нина Неделковска, Зорица Станковска, Петар Мароски, Магдалена Пејова, Ана Шапкарова и Марија Димитрова.
Влезниците се по цена од 250 денари.

OhridNews













