Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро преставен во Дрим Кор групата и Еколошкото Друштво Грашница информираат дека во рамките на Дримскиот проект CORDA, на 17- ти мај, сабота, го организираат Денот на реката Дрим. Настанот истовремено ќе се одржи во Македонија ,Албанија, Црна Гора и Косово.

– Целта е да се зголеми сензибилизацијата на јавноста за вредностите и значењето на Дримскиот Басен и за управувањето со екосистемот на Дрим во трансграничен аспект. Денот на ДРИМ исто така преставува настан кој ќе ја зголеми прекуграничкната соработка во басенот и ќе отвори нови можност за проток на луѓе,добра ,информации и заеднички активности, потенцираат организаторите.

Денот на Дрим како активност е дел од процесот за управување со Дримскиот Басен и е финансиски поддржан од Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ. Настанот ќе опфати низа на активности кои ќе ја престават разноликоста во басенот .
 
На македонска страна настанот ќе се одржи во Струга пред платото на Центарот за култура каде ќе се изведе официјалниот дел со почеток во 11 часот и ќе биде пропратен со низа активности низ градот со учество на голем број субјекти.

Воедно тоа ќе биде старт и на позначајни активности во рамките на прекуграничниот проект за управување со Дримскиот Басен наречен DRIM CORDA – координирана акција за одржлива иднина.

OhridNews