Јавното обвинителство води постапка и истражува за донациите на СДСМ за последните избори јави телевизија Телма. Оваа информација за Телма ја потврдиле и високи партиски функционери на СДСМ. Биле проверувани транспортери, печатници и донатори на партијата, а првите истражни чекори обвинителството ги направило на почетокот на февруари.

Телма контактирала со претставници на Обвинителството за организиран криминал и корупција но оттаму не и било соопштено ништо за информациите за постапката. Се уште не е познато кој ги пријавил социјал-демократите или дали обвинителството по допрен глас за сомнежи објавени во јавноста отворило ваква постапка. Биле проверувани дури и електронските уплати на некои од донаторите. Досега не е повикан на распит никој од високите функционерите на СДСМ.

Од друга страна СЈО ја привршува својата истрага за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ која е отпочната по преслушување на нелегално снимените разговори кои не беа објавени како бомби, на кои според нашите извори се слушало договарање како да се организира уплата на донации за партиската сметка во 2014-та. Досега се сослушани стотици граѓани чии имиња се појавуваат на донаторскиот список на ВМРО-ДПМНЕ од пред три години на кои имало над 2 илјади имиња, меѓу кои околу 200 од Охрид. 

OhridNews
извор: Тв Телма