Топлотниот бран освен воздухот, ја зголеми температурата и на Охридското Езеро.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), температурата на водата во Охридското Езеро денеска е за 1 степен повисока во однос на претходната седмица и изнесува 24 °C.

Долгорочните мерења на УХМР покажуваат пораст на температурата на водата во Охридското Езеро во однос на просекот за јуни за речиси 5 степени во 2026 година. Просекот за јуни изнесува 19,6 степени, додека оваа година во истиот период измерени се 24 степени Целзиусови.