Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.  Максималната температура во Охрид ќе достигне до 20 степени Целзиусови.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината, информира УХМР Македонија.

OhridNews