Во наредните денови во земјава ќе преовладува студено време со врнежи од снег, предвидува Управата за хидрометеоролошки работи.

Особено студено ќе биде во утринските часови, кога на места температура ќе се спушти и до -12 степени Целзиусови, а според прогнозата, во сабота, дневната температура нема да да се искачи над нулата.

Во петок и сабота во Западна Македонија се очекуваат и врнежи од снег, а поради ниските температури можна е и појава на голомразица.

Ohridnews