Вчера околу 12 часот, на паркинг простор на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен 43-годишен охриќанец, врз 21-годишен сограќанин. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Исто така вчера, од 15.00 до 19.00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 15 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (08- надвор од населено место, 07- во населено место).

Во пресрет на претстојните празници, сообраќајните контроли на целото подрачје на СВР Охрид, ќе бидат интензивирани со цел зголемување на сообраќајната безбедност и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди. Поради тоа, апелираме до сите учесници во сообраќајот, посебно до возачите на моторни и други возила, на зголемена внимателност и строго придржување до поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација. – стои во соопштението.

OhridNews