На шеснаесетти април оваа година во 17 часот и 45 минути,

На улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, вчера, во 17.45 часот, бил нарушен јавниот ред и мир со карање помеѓу 59-годишен охриѓанец од една страна и две други лица на возраст од 80 и 31 година од Охрид, од друга страна. Обидот за меѓусебна физичка пресметка е спречен од полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот и ги привеле лицата. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за уште еден инцидент што се случил вчера. Околу 10 часот, во дворно место на куќа сопственост на лице од струшкото село Октиси, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од жител од истото село, врз лице од струшкото село Шум.

По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против пријавениот ќе поднесе соодветна пријава.