На улицата „Партизанска“ во Струга, вчера, околу 10.30 часот, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 20-годишно лице од струшкото село Горно Татеши врз 63-годишен кичевчанец.

  • Тој, претходно добил вербални закани од 48-годишно лице од  истото село, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против двајцата пријавени ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews