Од СВР Охрид информираат дека денес, околу 01,40 часот во кафе бар лоциран на кеј ,,Борис Кидриќ“ во Струга, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од струшкото село Велешта врз 25-годишно лице од Струга.Против напаѓачот, ќе биде поднесена пријава според одредбите од Законот запрекршоци против јавниот ред и мир.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за уште еден инцидент што се случил во текот на викендот. На 17-ти август, околу 18 часот, на бензиска пумпа во струшкото село Велешта, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад од страна на жител на Велешта, врз лице од селото Октиси. Во пресметката се вклучиле уште неколку лица кои употребиле и тврди предмети. Полициската станица од Струга презема мерки за расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews